Анкара
Вербален конфликт меѓу Дендијас и Чавушоглу
16.04.2021 12:12
Откако Никос Дендијас ги критикуваше активностите во Егејско Море и Источен Медитеран, и спроведувањето на договорот за мигрантите, Мевљут Чавушоглу возврати - Анкара ги штити своите и интересите на кипарските Турци...

Вербален конфликт меѓу шефовите на дипломатиите на Грција и Турција пред новинарите во Анкара.
Откако Никос Дендијас ги критикуваше активностите во Егејско Море и Источен Медитеран, и спроведувањето на договорот за мигрантите, Мевљут Чавушоглу возврати - Анкара ги штити своите и интересите на кипарските Турци, а спогодбата со ЕУ ја имплементира пристојно.
Билатералните односи се влошени поради третманот на муслиманските малцинства во Грција и православните малцинства во Турција.
