Болницата во Козле прераснува во регионален центар
За 4 месеци ќе почне со работа новиот објект на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле
Комплексот се гради на местото на руинираните бараки каде што се лекуваа деца изминативе 50 години. Собите ќе бидат двокреветни и во секоја од нив ќе има тоалет.
Во новата установа со поголем број на амбуланти ќе можеме да понудиме помало време на чекање и поголем квалитет на здравствените услуги, а ќе има и комплетно нова опрема, софистицирана со која ќе одговориме на предизвикот во детската педијатрија-изјави Д-р Оливер Зафировски-директор на институт за белодробни заболувања за деца, Козле
Со условите, опремата и кадарот болницата ќе ги има сите услови да стане регионален центар. Додека се гради објектот лекарите се усовршуваат во Италија, Турција, а тука работат и со странски лекари. Деновиве во болницата е американски лекар.
Д-Р Дејвид Дрекер, Специјалист педијатар пулмолог од Вашингтон
Тука сум е да предавам за респираторните заболувња и за нивно лекување. Имав можност да ги запознам коллеките од македонија и да видам како работат и морам да признаам дека нивното знаење е на многу високо ниво, оцени Д-р Дејвид Дрекер, специјалист педијатар пулмолог од Вашингтон
Во ова специјализарана установа се лекуваат деца до 16 години.
Во институтот за белодробни заболувања козле годишно 25 илјади деца поминуваат на амбулантски преглед, додека 4000 се згрижени на болничко лекување
Наташа Јанчиќ
