Стопанска комора: Собранието да го донесе Петтиот пакет мерки
Стопанската комора на Македонија упати апел до секој пратеник на Собранието на Република Северна Македонија да направи максимални напори во текот на денот за да се донесат законите...
Стопанската комора на Македонија упати апел до секој пратеник на Собранието на Република Северна Македонија да направи максимални напори во текот на денот за да се донесат законите со кои ќе се овозможи поддршка на македонската економија во услови на тешка здравствено-економска криза.
Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20 илјади компании и околу 130 илјади вработени, како и 25 илјади граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција поради справување со кризата, се вели во апелот на претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески.
