Ковид криза

И туристичките работници на протест, бараат финансиска помош

16.04.2021 15:20

Туристичките работници во вторник ќе излезат на протест. Бараат неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција, а владините ваучери за кампањата „Дома си е дома“ задолжително да се користат преку туристичките агенции...

Туристичките работници ќе им се придружат на угостителите. И тие во вторник ќе излезат на протест. Бараат неповратна финансиска помош за секоја лиценцирана туристичка агенција, а владините ваучери за кампањата „Дома си е дома“ задолжително да се користат преку туристичките агенции.

„Иако немаме забрана за вршење на дејност сепак промет нема, интерес нема, падот на прометот е 80, а кај голем дел од агенциите и 100%. Дури и тоа што се бара, не се знае дали ќе се реализира така да исто како да сме затворени“ изјави Ана Марија Алексова, туристички работник.

Минатата година нашите барања за помош ги доставивме во април, помошта ја добивме на 23-ти декември, годинава за жал немаме ниту средства ниту сили за да издржиме да го чекаме декември, велат туристичките работници.