Македонски лекари на усовршување во Брисел
Македонски лекари и медицински сестри ќе се усовршуваат во елитната болница „Едит Кавел“ во Брисел. Во еден од најголемите медицински центри во Европа ќе ги учат најновите медицински методи на лекување.

Премиерот Груевски се договори со менаџментот на болница да склучучат меморандум за соработка.
-„Имаме зацртано програма со која сакаме да воспоставиме соработка со поголем број успешни и напредни медицински центри и болници, заради континуирано испраќање на нашите лекари, медицински сестри и друг медицински персонал на обука, главно за нови методи кои постојано излегуваат за различни болести и потребни третмани за лекување на болестите. Целта е тие да се обучат и да ги имаат најсовремените достигнувања во делот на нивната специјализација“ изјави Никола Груевски, претседател на влада на РМ
Ова е еден од педесетина центри ширум светот со кои Владата договори соработка.
- „Ние имаме луѓе кои ќе работат во нашата болница и исто така ќе се обидеме да испратиме доктори и сестри во Македонија, со цел да учествуваат во преобликувањето и обновата на болничките капацитети“ - Жак Де Тоеуф, директор на клиниката „Едит кавел” во Брисел
-„Целта не е да образуваме доктори, туку да помогнеме на докторите, сестрите и техничарите да добијат ново знаење во новите технологии што ќе се случува тука во Брисел, оти ние имаме луѓе кои ќе работат во нашата болница и исто така ќе се обидеме да испратиме доктори и сестри во Македонија, со цел да учествуваат во преобликувањето и обновата на болничките капацитети,“ истакна првиот човек на бриселскиот клинички центар
Сите министери и премиерот при секое патување ќе обезбедуваат предуслови за соработка со елитни болници.Секоја година по 500 медицински лица заминуваат на обука, од следната година се предвидени 1.000 доктори и медицински сестри. Со Законот е предвидено од 2015 година, на секои пет години докторот да помине по 6 месеци обука во странство, речиси на сите континенти.Целта според премиерот Груевски е Македонија за 5-6 години да стане држава со најнапредна медицина во регионот.
- „Целта ни е за период од пет-шест години, Македонија да стане држава со лекари и медицински персонал кои се најнапредни најмалку во регионот, а ако може и пошироко. Се разбира, за оние кои го владеат англискиот, францускиот или германскиот јазик, обуките се обезбедуваат во земји каде тие јазици се употребуваат, а оние кои не познаваат некој од светските јазици, се обидуваме да обезбедиме нивна обука во регионот, со регионалните јазици кои повеќе или помалку, нашите граѓани ги познаваат“, рече премиерот Груевски.
Соња Стојановска
