Се намалува бројот на хоспитализирани пациенти во Велес
Ако минатата седмица имаше над стотина пациенти, денес таму се згрижени 88 лица. Најмладиот пациент е на 32 годишна возраст, здравствената состојбата на сите хоспитализирани била стабилна, а најмногу лица кои се на лекување се на возраст од 50 до 56 години...

Се намалува бројот на пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19 во велешката болница. Ако минатата седмица имаше над стотина пациенти, денес таму се згрижени 88 лица. Најмладиот пациент е на 32 годишна возраст, здравствената состојбата на сите хоспитализирани била стабилна, а најмногу лица кои се на лекување се на возраст од 50 до 56 години. Се намалува и бројката на лица кои се на кислородна поддршка, од 57 пред десетина дена на 43 денес.
Во болницата се чувствува недостаток и замор на персоналот, изминатите денови дури 46 лица не биле на работа, поради што вклучени се сите специјализанти и сите доктори од сите одделенија, за да се покријат четирите ковид центри- Инфективно, Интерно, Физикално одделение и Модуларната болница каде се лекуваат заразените. Позитивната вест е што е добиено одобрение за градба, со кое целата болница ќе добие централен довод за кислород, финансиран од сопствени средства на институцијата.
Капацитетот на велешка болница за лица позитивни и сомнителни на Ковид-19, во четирите ковид центри е 124 легла.
Петар Печков
