Политика

Постигнат договор за Законот за државјанство

16.04.2021 16:29

Верувам дека постигнавме договор за Законот за државјанство, изјави по средбата со Села и Гаши премиерот Заев. Повика, опозицијата да даде поддршка. Сите што живееле повеќе од 30 години во Македонија да добијат државјанство, вели лидерот на Алијанса...

По средбата на Заев со првите луѓе на Алијанса и Алтернатива, премиерот рече дека изнајдено е решение за Законот за државјанство што беше причина за блокада на собранискиот дом од овој дел од опозицијата. Заев не соопшти детали за законот бидејќи сѐ требало да се стави на хартија, а имало правни формулации.

Лидерите на Алијанса и Алтернатива, Села и Гаши со истиот став пред медиумите- нема да соопштуваат детали, но задоволни дека следната недела сѐ ќе било решено и познато. Подготвени се за гласање во Собранието.

Заев не сака да ги нападне постапките на спикерот Џафери, но негира дека во буџетот нема пари за исплата на економските мерки. Опозициската ВМРО- ДПМНЕ побара уште попладне да започне неопходната 36-та седница.

Левица реагираше на каприцот на првиот парламентарец околу противењето кои седници да се на дневен ред. Како и ВМРО – ДПМНЕ, и Левица рекоа власта да обезбеди само 20 пратеници ќе биде доволно попладнето да се изгласаат пакет- мерките.

Власта и опозицијата единствени дека ќе ги гласаат мерките кои се во интерес на граѓаните, но за седницата е неопходно просто мнозинство.

 

Миле Ристески