Рашковски во куќен притвор, Обвинителството ќе ја обжали одлуката

16.04.2021 19:23

Според обвинителката Трајчева, Рашковски можел да влијае врз сведоците и од куќен притвор. Ваква мерка му била одредена и на вториот осомничен Станчев, сопственик на компанијата.

На Драги Рашковски му е одреден куќен притвор, за што Обвинителството ќе поднесе жалба на одлуката на судијата во претходна постапка. Бараме да се одреди притвор бидејќи е утврдена и материјалната состојба на приведениот, изјави пред судот обвинителката Трајчева посочувајќи ја наредбата за истражна постапка.

Според Трајчева, Рашковски можел да влијае врз сведоците и од куќен притвор. Ваква мерка му била одредена и на вториот осомничен Станчев, сопственик на компанијата.

Претходно, на новинарско прашање за истрагата за Рашковски, премиерот Заев рече дека никој не е недопирлив за правдата, и ако е виновен, ќе му се суди.