Трудниците да се вакцинираат со „Фајзер“ или „Модерна“
Според податоците на комисијата околу 90.000 бремени жени во САД биле вакцинирани, претежно со тие вакцини, и немале сериозни несакани нуспојави...

Бремените жени во Велика Британија треба да бидат вакцинирани со вакцината на „Фајзер“ или „Модерна“ затоа што има пореални податоци за нивната безбедност, објави британската заедничка комисија за вакцинација и имунизација.
Според податоците на комисијата околу 90.000 бремени жени во САД биле вакцинирани, претежно со тие вакцини, и немале сериозни несакани нуспојави.
Понатаму официјални лица наведуваат дека нема докази дека другите вакцини се небезбедни за бремени жени, но дека е потребно дополнително тестирање. Претходно на бремените жени во Велика Британија им беше препорачано да не примаат вакцина поради недоволно информации за нејзиното дејство.
