НАТО
Русија да гарантира пристап до украинските пристаништа“
17.04.2021 13:29
НАТО исто така ја повикува Русија итно да ги намали тензиите во регионот...

НАТО изрази загриженост за поморските воени вежби околу полуостровот Крим. Побара од Русија да гарантира слободен пристап до украинските пристаништа на Азовското море.
Алијансата смета дека ограничувањето на пристапот до одредени области во Црното море и Керчкиот теснец, кој го поврзува со Азовското море, би била „неоправдана акција“ и „дестабилизирачко однесување на Русија“.
НАТО исто така ја повикува Русија итно да ги намали тензиите во регионот.
