Тачи обелодени дел од пораките кои му ги праќал Заев

20.03.2014 18:11

Пишувањето невистини за мојот починат татко, како што појасни Тачи, биле капката што му ја прелеала чашата да се одлучи на ваков потег...


Тачи обелодени дел од телефонските пораки од Заев, испратени во периодот од локалните па се до одлуката за предвремени парламентарни избори... Во една од презентираните пораки пред медиумите пишува:

„Претседателе. Ве молам да се слушнеме. Барем еден разговор. Благодарам Зоран Заев“. 

Во друга порака Заев според Тачи напишал:

„Перспективите во регионот се воспоставување на соработка со тројката која ќе има  големи  поддрчи  во  иднина, а тоа сте вие, Харадинај и Бериша. Затоа ме подготвуваат и повисоките надвор од  Македонија. Ве молам да разговараме. Зоран Заев“

Пишувањето невистини за мојот починат татко, како што појасни Тачи, биле капката што му ја прелеала чашата да се одлучи на ваков потег. Никогаш досега во политиката, како што изјави, не сум користил ниски удари. Овојпат се одлучив да и покажам на јавноста само дел од она на што е подготвена опозицијата во обидот да постигне таен договор со мене. Откако не им успеа, ги користат сите валкани методи. Тачи не откри што се барал Заев од него, но навести што би се случило доколку сите карти бидат отворени.

Ова не е прв обид за сојуз на опозициската СДСМ  со ДПА. Според Тачи и екс претседателот на социјалдемократите, Црвенковски, посакувал договор.

Според соопштението на СДСМ пресот на Тачи ја обелоденил новата коалиција помеѓу директорот на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Со ова лидерот на ДПА -Тачи, стои во реакцијата, покажа како и кога соработува со некоја политичка партија, всушност одработува за службата на ВМРО- ДПМНЕ под  раководство на директорот на УБК, Мијалков.

За партијата на Тачи стратегијата на СДСМ како што беше речено „фрли го каменот па сокриј ја раката“  е веќе позната.

 

Виолета Димовска