Спортската сала во Охрид ќе биде регионален центар за вакцинација
Како што е најавено на почетокот на наредната недела треба да пристигнат и да се монтираат параваните каде што ќе се врши вакцинацијата, а е набавен и нов агрегат за електрична енергија...

Започнаа подготовките за пренамена на спортската сала „Билјанини извори“ во регионален центар за вакцинација. Веќе се откажани сите спортски натпревари и подготовки на екипите, салата е испразнета од сите реквизити и се очекува наскоро да се изврши дезинфекција на објектот, влезовите и паркинг просторот.
Како што е најавено на почетокот на наредната недела треба да пристигнат и да се монтираат параваните каде што ќе се врши вакцинацијата, а е набавен и нов агрегат за електрична енергија.
Во Центарот за Јавно здравје веќе е пристигнат ладилникот каде што ќе се чуваат вакцините кој најмалку ден пред пристигнувањето на вакцините ќе биде дислоциран во спортската сала.
Во спортскиот објект ќе се имунизираат жителите на Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.
Сашо Нелоски
