Франција

ГРЕКО го претстави својот 21 извештај

17.04.2021 15:24

Извештајот, исто така, подвлекува дека борбата против корупцијата и почитувањето на владеењето на правото одат рака под рака, и дека владеењето на правото и независноста на судството никогаш не треба да се поткопуваат во името на борбата против корупцијата...

Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) на Советот на Европа го претстави својот дваесет и прв извештај за мерките преземени во 2020 година во земјите-членки за спречување корупција во рамките на 4-от циклус на оценување koj се однесува на парламентарци, судии и обвинители и 5-тиот циклус на оценување, кој се фокусира на централните власти вклучително и високи извршни функции и агенции за спроведување на законите. Од извештајот се гледа дека заклучно со 31 декември 2020 година, Северна Македонија целосно спровела 13 од 25 препораки, додека десет препораки беа имплементирани делумно, а две препораки останаа неспроведени. Притоа ГРЕКО ги повикува државите членки да ги спречат ризици од корупција како дел од мерките преземени за борба против економските последици од пандемијата со Ковид-19.

Заклучно со 31 декември 2020 година, Северна Македонија целосно спроведе 13 од 25 препораки издадени од ГРЕКО. Десет препораки беа имплементирани делумно, а две препораки останаа неспроведени, тоа во проценти изгледа вака; 52 отсто се спроведени, 40 отсто делумно и 8 отсто не се спроведени. Или во детали, за парламентарците се спроведени 28,6 отсто од препораките, 57,1 отсто се делумно и 14,3 отсто не се спроведени. За судиите спроведеноста на препораките е највисока дури 75 отсто. Делумно се 16,7 отсто и 8,3 отсто не се спроведени. За обвинителите се спроведени 33,3 отсто од препораките, 66,7 отсто се делумно спроведени.

Извештајот, исто така, подвлекува дека борбата против корупцијата и почитувањето на владеењето на правото одат рака под рака, и дека владеењето на правото и независноста на судството никогаш не треба да се поткопуваат во името на борбата против корупцијата.

Во контекст на кризата со Ковид-19, ГРЕКО подвлекува дека владите воведоа итни мерки што доведоа до концентрација на овластувања и отстапувања од основните права, мерки кои одат заедно со ризици од корупција, кои не треба да се потценуваат. Овие ризици можат да бидат особено изразени во случај на системи за јавни набавки, особено во однос на судирот на интереси и улогата на лобирање.

Претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела уште еднаш ги повикува државите внимателно да ги следат упатствата објавени од ГРЕКО во 2020 година за управување со ризици од корупција во контекст на пандемијата и нагласува:

- Сите земји, без оглед на нивната позиција во индексот на перцепцијата на корупцијата, треба да преземат конкретни мерки за борба и спречување на корупцијата.

Затоа, ги повикувам земјите-членки да ги прочитаат нивните напори во борбата против корупцијата: ова е важно не само заради обврските преземени од ГРЕКО, туку и заради доброто на општеството на сите овие земји.

 

Тони Гламчевски