Украина подготвува одговор за Русија
НАТО изрази загриженост за поморските воени вежби околу полуостровот Крим. Побара од Русија да гарантира слободен пристап до украинските пристаништа на Азовското море. Украина подготвува реципрочни мерки за Русија по апсењето на украинскиот конзул во Москва …

Украина подготвува мерки за руски дипломати по приведувањето на украинскиот конзул во Санкт Петербург. Министерството за надворешни работи соопшти дека во согласност со постоечката пракса и принципот на реципроцитет, украинската страна подготвува соодветен одговор.
Руската федерална безбедносна служба соопшти дека конзулот бил приведен заради обидот од руски државјанин да набави доверливи информации од базата на руската полиција.
Истовремено, рускиот министер за надворешни работи, лавров соопшти дека 10 американски дипломати мора да ја напуштат Москва, како контрамерка на неодамнешната одлука на администрацијата на Бајден за протерување руски дипломати.
„Во списокот беа вклучени 10 дипломати со барање да ги напуштат соединетите држави. Ќе одговориме реципрочно на таа мерка. Бараме 10 дипломати од соединетите држави да напуштат руската федерација. Патем, и Полска најави протерување на дипломати, на што исто така ќе одговориме соодветно, изјави Сергеј Лавров министер за надворешни работи на Русија.
Портпаролот на рускиот претседател, Димитриј Песков, рече дека Путин е „убеден“ во потребата од „нормализирање и деескалација на односите со САД и дека е отворен за дијалог. Рече дека е јасно оти двајцата претседатели имаат различни ставови за градењето поволни и стабилни односи.
„Опсесијата со санкции на нашите американски колеги останува неприфатлива. Претседателот Путин зборуваше за можноста за градење, нормализирање и деескалација на нашите односи. Тој постојано изјавуваше дека сме подготвени да го развиваме дијалогот сè додека на тоа е подготвена и другата страна“, Димитриј Песков, портпарол на рускиот претседател.
Според американските медиуми, администрацијата на Бајден, сè уште ја следи ескалацијата на состојбата на украинската граница.
„Русија ја објави својата намера да блокира странски поморски бродови и државни пловни објекти во теснецот Керч, Азовското море и делови од Црното море до октомври, повикувајќи се на, како што велат, руските воени вежби. Русија има историја на преземање агресивни активности против украинските пловни објекти и спречување на меѓународниот поморски транзит во Црното море“, изјави Џон Кирби, портпарол на Пентагон.
Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба изјави дека Русија и се заканува на Украина со уништување и дека црвените линии за Киев се државната граница.
Во меѓувреме, Русија испрати 15 воени бродови во Црно море, кои ќе учествуваат во воена вежба. Не е познато колку ќе траат воените маневри.
Марина Ристова
