Успешна втора трансплантација на срце
Зад оваа успешна приказна, херои се семејството на 20 годишната Верица Белчовска која животот го загубила во сообраќајна несреќа и стручниот тим доктори. Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други...

По неколку часовна операција утрово почна да чука новото срце на 22 годишниот Иле од Брвеница. Успешната трансплантација од мртов донатор е направена во државната кардиохирургија. Зад оваа успешна приказна, херои се семејството на 20 годишната Верица Белчовска која животот го загубила во сообраќајна несреќа и стручниот тим доктори. Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други.
Иле се чувствува добро и параметрите се добри се надеваме на успешно закрепнување, велат лекарите. За него единствен спас била трансплантацијата.
Органите на донаторот се надеж за уште десетина пациенти. Веќе двата нејзини бубрега се трансплантирани кај двајца пациенти едниот 27 годишен и 40 годишен кои со години биле на дијализа.
Идната недела ќе се прават трансплантации на коски и ткива на други пациенти кои боледуваат од карцином.
Наташа Гркова Петрушевска
