Велика Британија

Принцот Филип погребан во замокот во Виндзор

17.04.2021 21:11

Принцот Филип почина на 99-годишна возраст по влошување на здравјето поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели...

Во капелата на замокот Виндзор денес се одржа погребот на принцот Филип, кој, според информациите, самиот го испланирал.

Кралицата Елизабета втора се збогува со својот сопруг, со кого помина 73 години, во потесниот круг на семејството, и во согласност со сегашните епидемиолошки мерки во Велика Британија.

Принцот Филип почина на 99-годишна возраст по влошување на здравјето поради што мораше да биде хоспитализиран неколку недели.