Велика Британија
За 24 часа повеќе од 600.000 вакцинирани
18.04.2021 13:39
Земјата ја почна вакцинацијата во декември...

Британските власти соопштија дека во последните 24 часа биле вакцинирани повеќе од 600.000 луѓе.
Според нив, 119.306 граѓани примиле прва доза, а 485 421 втора доза вакцина. Земјата ја почна вакцинацијата во декември.
Сите малопродажни објекти, фризерски салони, спортски сали, пабови и градини се отворени во земјата, додека Шкотска, северна Ирска и Велс ќе отворат различни сегменти на општеството во наредните недели.
