Политика

Во Собранието обид да се изгласаат законите од петтиот антикризен пакет

18.04.2021 13:40

Претседателот на Собранието, Џафери, според поканите за седниците, остана на ставот најпрво во 14 часот да се одржи 32-та седница, а за само 15 минути подоцна ја закажа 36-та пленарна седница на чијшто дневен ред се законите од петтиот пакет.

Во законодавниот дом денеска уште еден обид да бидат изгласани законите од петтиот антикризен пакет. Претседателот на Собранието, Џафери, според поканите за седниците, остана на ставот најпрво во 14 часот да се одржи 32-та седница, а за само 15 минути подоцна ја закажа 36-та пленарна седница на чијшто дневен ред се законите од петтиот пакет.

За втората има согласност, спорна е првата денешна седница. Недостигаат тројца пратеници од мнозинството кои се во самоизолација, а пратеничката група на СДСМ се подготувава да им обезбеди присуство во скафандери на отустните пратеници за кворумот од 61 пратеник.

„Да“ за втората и „не“ за првата закажана седница, ставот на ВМРО- ДПМНЕ останува непроменет. Од партијата на спикерот Талат Џафери инсистираат на опозициска согласност, бидејќи така е договорот од неодамнешните лидерски средби.