Здравство

Утре пристигнуваат 10.000 „Фајзер“ вакцини

18.04.2021 13:48

Досега се вакцинирани околу 35.000 граѓани, од кои околу 13.000 ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, нешто помалку од 3.000 има од руската „СпутникВ“ и околу 1.000 од кинеските вакцини.

Според најавите на ресорното министерство утре во земјава ќе пристигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а исто толку се очекува да пристигнат и на 26-ти април. Досега се вакцинирани околу 35.000 граѓани, од кои околу 13.000 ја примиле вакцината на „Астра Зенека“, нешто помалку од 3.000 има од руската „СпутникВ“ и околу 1.000 од кинеските вакцини.

Бројот на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Според последната статистика на Министерството за здравство се регистрирани 824 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.988 тестирања. Почина 31 лице, еден во домашни услови, а другите во болнички услови. Пријавени се 7 пациенти кои се починати во текот на месец март. Институтот за јавно здравје бележи 682 оздравени пациенти.