Франција
Макрон: Подготвен сум да воведам санкции за Русија
18.04.2021 14:18
Западот и Украина ја обвинуваат Русија дека донела десетици илјади војници на границата со Украина и Крим, кој го припои во 2014 година, по што продолжија борбите во источна Украина...

Францускиот претседател Макрон изјави дека е потребно „да се дефинираат јасните црвени линии кон Русија“ и дека е подготвен да воведе санкции во случај на „неприфатливо однесување“ од страна на Москва.
Западот и Украина ја обвинуваат Русија дека донела десетици илјади војници на границата со Украина и Крим, кој го припои во 2014 година, по што продолжија борбите во источна Украина.
И Велика Британија во мај ќе испрати противподморничка фрегата во Црното море во знак да солидарност со Украина и со сојузниците на НАТО во регионот.
