Расте бројот на СМС пораки од електронскиот училишен дневник
Родителите се повеќе ги користат смс пораките за да се информираат за успехот на своите деца. Само неделава биле испратени над 200 000.

Бројот на корисници е двојно зголемен . Министерот Ристовски тврди дека се остранети сите недостатоци во системот.
Околу 212 илјади смс пораки со информации од електронскиот училишен дневник стигнаа до родителите за последните седум дена. Откако заживеа проектот пред 4 месеци се приклучија нови 70 илјади корисници. Со него не мора да се чекаат родителските средби за инофрмација какви се оценките и поведенито на децата.
„Дури два ипол пати имаме пораст на бројот на повикувања и советувања, и на радителите и на децата со оваа мерка која е крајна цел во таа насока. На тој начин ќе се обидуваме и во следниот период да го подобруваме статусот и однесувањето на децата“, изјави министерот за образование Спиро Рисотвски.
Инспекторат ги контролиралосновните и средните училишта и утврдил ситнинедостатоци за родителите да добијат точни инавремени податоци од е дневникот.
„Немаме ниту едно судско постапување, односно судско решение-некаква глоба или парична казна на некој од нашите членови, тоа само по себе кажува дека евентуалните недоразбирања или проблеми кои биле на терен се надминати во еден социјален, партнерки дијалог“, вели Јаким Неделковски, претседател на СОНК.
Очекувањата се дека проектот информиран родител ќе го подигне успехот кај учениците.
Викторија Тодоровска
