Велес

Обид за категоризација на фолклорните друштва и ансамбли

18.04.2021 14:26

За нив е неприфатлив предлогот категоризацијата на фолклорните друштва, да ја извршува едно лице. Така игроорците би зависеле од волјата на поединец, кој без малку ќе решавал за целата нивна работа. Имаат и дилема што со богатството на носии и инструменти, со кои располагаат друштвата, каде ќе заврши пред многу децении создаденото богатство. Се залагаат наместо поединец, за категоризацијата да има комисија...

Фолклорните ансамбли од велешко го поддржуваат обидот за нивна категоризација. Велат дека категоризацијата е потребна заради нерамномерноста во поддршката која ја добиваат од институциите, било да се државни или локални и согласни се со понудените критериуми. Се залагаат дека е потребен и регистар на фолклорни друштва од земјава. Нивниот став во писмена форма го доставиле до Министерството за култура. На него се потпишани четирите ансамбли од Велес, Керамичар, Коле Неделковски, Бирлик, Вила Зора од Велес и Тодор Јане од Чашка.

За нив е неприфатлив предлогот категоризацијата на фолклорните друштва, да ја извршува едно лице. Така игроорците би зависеле од волјата на поединец, кој без малку ќе решавал за целата нивна работа. Имаат и дилема што со богатството на носии и инструменти, со кои располагаат друштвата, каде ќе заврши пред многу децении создаденото богатство. Се залагаат наместо поединец, за категоризацијата да има комисија.

Ангажирањето на надворешно лице за нив е спорно, оти било спротивно на Законот за здруженија за граѓани, каде тие се водат како правно лице.

 

Петар Печков