Прилеп: Интензивен третман на психолошките проблеми кај Ковид-пациентите
Ковид заразата го напаѓа целиот организам физиолошки, невролошки и психолошки. Во прилепската болница отворен е посебен оддел за Ковид пациентите со невролошки и психијатриски проблеми. Третманот за здравјето е неопходен и во пост-ковид состојбата …

Посебен оддел на одделението за уво, нос и грло во прилепската болница почна да се грижи за Ковид пациентите кои имаат невролошки и психијатриски проблеми.
Повозрасните ковид-пациенти имаат, претежно, невролошки последици од Ковидот, помладите – психолошки и психијатриски. Бројот се зголемува, а одделот е за ефикасно да им се помогне.
И на пост-ковид заздравувањето му треба третман. Битна е промената на начинот на живеење од ситуација на болен, во состојба на социјално корисен и способен да го продолжи живеењето. Ако не може сам, не е срамно, но потребно е, секој да побара помош и поддршка за емоционално заздравување.
Во болницата се убедени дека со посебната организација им помагаат на ковид-пациентите физиолошки и психолошки да оздрават.
Бети Митреска
