Тетово

Пролетните ниски температури оштетија над половина од овошните насади

18.04.2021 14:48

Пролетните ниски температури оштетија над половина од овошните насади во тетовска Брвеница настрадаа плодовите кои се во фаза на цутење. Дали ќе преживее останатата половина од насадот, зависи од временските прилики во наредниот период …

Во Брвеница од студот невообичаен за пролетниот период настрадаа дури и јаболковите насади, иако се едни од најиздржливите овошки на ниски температури. Половина од плодот од оваа парцела засадена со тетовска јаболка нема да преживее. Така e кај сите насади во ова поднебје, чии плодови се во фаза на цутење. Дали ќе се спаси останатиот дел сè зависи од појавата на доцните мразови и слана, кои се очекувани во наредните неколку дена

Во просек на секои 7 години страдаат овошките од пролетни ниски температури. Но последните неколку години климатските промени си го прават своето. Студот во овој период од година вгодина зачести, а голем дел од насадите страдаат. Има начин за нивна заштита, но за поголеми површини е потешко изводливо.

Овоштарите се соочуваат со повеќе проблеми. Поради тоа трпат големи загуби, па голем дел од нив се одлучуваат и ги корнат овошните насади.

 

Зоран Димовски