Собранието ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки
Драматична недела во Собранието. Позитивни пратеници на Ковид-29 во скафандери, со возила на брзата помош, донесени во законодавниот дом за да обезбедат кворум. Изгласани сите точки од 32-та и 36-та седница. Донесен петтиот пакет мерки...

Собранието ги донесе законите од петтиот пакет економски мерки. Гласаа и власта и опозицијата. Присуствуваа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19, облечени во скафандери. Седниците ги следеа од посебни кабини. За нивното присуство реагираа Апасиев и Мицевски, кои рекоа дека се крашат прописите и дека подзаконските акти неможеле да бидат повисоки од Уставот. Џафери уверува дека добил дополнување на протоколот за Ковид – 19 и немалo да подлегне под никаков притисок и закани.
Реагираа и од Алијанса на Албанците. Велат немало потреба да присуствуваат нивни заболени колеги на седниците, затоа што, тие известиле дека ќе ги поддржат законите и ќе гласаат за нив.
Од СДСМ со став- ветивме дека ќе направиме сѐ за граѓаните да ја добијат помошта. Не е првпат заболени пратеници да гласаат.
Пратениците ги изгласаа и 21-та точка од 32-та седница, меѓу кои и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси.
Игор Панов
