Битола

Битолското Ислахане ставено под привремена заштита

18.04.2021 19:23

Некогашното занаетчиско училиште или битолско Ислахане кое со солунското се двата сочувани објекти на Балканот на денот на светското културно наследство е ставено под привремена заштита …

Градот кој важи за еден од најголемите отворени културни историски музеи уште еднаш докажува дека на значајните знаменитости од минатото додава нови вредности. На светскиот ден на културното наследство под мотото „Комплексно минато, разновидна иднина“ под привремена заштита ставено битолското Ислахане кое со солунското важат за последните два сочувани објекти на балканот од изградените седум за време на отоманскиот период подигани со донации од населението со цел да ги згрижат главно децата сираци.

Од битолскиот завод и музеј велат дека објектот на некогашното занаетчиско училиште е одамна евидентиран во нивните секторски студии.

Голема е бројката на нашите културни добра кој чекаат поголемо внимание и заштита. Од ресорното министерство велат дека во та насока и е отворената наменска буџетска програма.

Со најновите наоди и ископски зафати на Јени Џамија при денешната посета се запозна и министерката Стефковска. Објектот кој има непроценливо значење за историското минато на Битола.

Стевче Митревски