Комисијата за заразни болести ќе одлучува за продолжување на рестриктивните мерки
Епидемиолошката состојба повторно пред Kомисијата за заштита од заразни болести. Ќе има ли препорака за продолжување на полицискиот час, а угостителските објекти да останат затворени или пак ќе има олабавување на мерките? Сепак, конечниот збор го има Владата...
..

Епидемиолошката состојба повторно пред Kомисијата за заштита од заразни болести. Ќе има ли препорака за продолжување на полицискиот час, а угостителските објекти да останат затворени или пак ќе има олабавување на мерките? Сепак, конечниот збор го има Владата.
Здравствените власти во неколку наврати истакнаа дека иако се стабилизира бројот на новозаразени со Ковид-19 и попушта притисокот врз болниците, ситуацијата и натаму е сериозна. Одлуката за полициски час завршува утре во 5 часот изутрина.
Третиот бран на коронавирусот донесе зголемување на бројот на новозаразени, преполни болници и голем број починати поради што беше донесена одлука за заострување на рестриктивните мерки.
