Инсект со големина на зајак се појави во Штип!
Чудење била првата реакција на штипјанецот Кирил Панајотов кога се нашол очи во очи со огромниот инсект со големина на зајак...

Чудење била првата реакција на штипјанецот Кирил Панајотов кога се нашол очи во очи со огромниот инсект со големина на зајак, со кафеав оклоп и долга опашка.
„Детално ако би требало да го опишам би рекол дека има форма на штурец, со кафеава боја, членконог и на крај завршува со опашка долга околу 10-15 сантиметри што изгледа како одбранбен механизам“, изјави Кирил Панајотов.
Панајотов инсектот му го однел на универзитетскиот професор Душан Спасов, кој се чудел како ендемски вид од нов Зеланд, се нашол во Македонија.
„Не е опасен и не содржи никакви токсични материи за луѓето, се храни од растенија. Според литературата се смета за ендемски вид на островите околу Нов Зеланд. Порано бил многу застапен, но поради стаорците што биле пренесени од Европа сега е редок вид“, вели универзитетскиот професор Душан Спасов.
Препоставките се ваков инсект на наши простори е резултат на климатските промени и високите температури.
Весна Коловска
