Ковид-19

Десет илјади вакцини на „Фајзер“ попладнево пристигнуваат во земјава

19.04.2021 09:44

Според најавите, попладне на Скопскиот аеродром со посебен транспорт од Софија треба да пристигнат првите 10 илјади дози од „Фајзер“, преку директните преговори со компанијата. Една недела подоцна ќе дојдат уште 10 илјади...

Според најавите, попладне на Скопскиот аеродром со посебен транспорт од Софија треба да пристигнат првите 10 илјади дози од „Фајзер“, преку директните преговори со компанијата. Една недела подоцна ќе дојдат уште 10 илјади, а на 28-ми земјава ќе ја добие најголемата пратка досега, од 200-те илјади кинески вакцини на „Синофарм“.

Сѐ уште нема датум кога ќе пристигнат преостанатите 75 илјади и 400-ни вакцини преку Ковакс и 20-тина илјади дози од ЕУ.

Од 14-ти февруари досега во Македонија пристигнаа 60.790 вакцини од четири различни производители. Повеќето од нив се донации.

Според надлежните, Македонија има договорено набавка на 2,6 милиони вакцини.