Бугарија

За новата влада на ГЕРБ можно гласање в среда

19.04.2021 10:03

Доколку претседателот Радев, утре и го врачи мандатот на партијата што освои најмногу гласови на парламентарните избори, нема да има никакви кочници за новиот состав во Националното собрание да се гласа и во среда.

Веќе в среда може да се гласа за новата бугарска влада предводена од кандидатот за премиер Даниел Митов- изјавија извори од ГЕРБ. Доколку претседателот Радев, утре и го врачи мандатот на партијата што освои најмногу гласови на парламентарните избори, нема да има никакви кочници за новиот состав во Националното собрание да се гласа и во среда.

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, веќе соопшти дека нема намера да го кочи овој процес и дека доколку гласањето в среда не помине, нема проблем бугарскиот претседател веќе в четврток да го даде мандатот на втората партија по бројот на освоени гласови „Има таков народ“ на Слави Трифонов.