Регион
Границите на Грција остануваат затворени уште една седмица
19.04.2021 10:18
Грчката Влада ја продолжи до 26-ти април одлуката за копнените граници и забраната за влез на државјани за трети земји.

Границите на Грција остануваат затворени уште една седмица за македонските граѓани. Грчката Влада ја продолжи до 26-ти април одлуката за копнените граници и забраната за влез на државјани за трети земји.
За транспортерите, преминот Евзони е отворен од 7 до 23 часот по локално време, а за возачите на камиони, негативен резултат од рапид тестот направен на граничниот премин е предуслов за влез во Грција.
На 14-ти мај, според најавите Грција ќе го отвори туризмот за сите, а за патување ќе биде потребно или сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан Ковид-19.
