Русија
Москва возвраќа: Протерани 20 чешки дипломати
19.04.2021 10:44
Одлуката на властите во Москва е одговор на протерувањето на 18 руски дипломати од Прага поради наводна поврзаност со експлозии во магацин за оружје во 2014-та година.

Русија и возврати на Чешка. Нареди во рок од 24 часа 20 чешки дипломати да ја напуштат земјата откако ги прогласи за персона нон грата- соопшти руското МНР.
Одлуката на властите во Москва е одговор на протерувањето на 18 руски дипломати од Прага поради наводна поврзаност со експлозии во магацин за оружје во 2014-та година.
Чешка тврди дека меѓу протераните дипломати се и двајца руски шпиони обвинети за труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка со Новичок во 2018-та година за што рече дека ќе објави и доверливи докази од службата за безбедност.
