МВР

22 прекршувања на забраната за движење, 537 санкции за неносење маска

19.04.2021 10:53

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 22 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштува МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 537 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.