Нов Зеланд: Нема карантин, границите отворени
Укинувањето на ограничувањата е олеснување не само за разделените семејства, туку и за туристичкиот сектор. Илјадници патници за денеска резервираа летови меѓу Австралија и Нов Зеланд. Двете земји успешно го запреа ширењето на вирусот.

Стотици патници од Австралија пристигнаа на аеродромите во Нов Зеланд на првиот ден на патувањето без карантин меѓу двете земји. По повеќе од една година забрана поради пандемијата со коронавирусот, измешани емоции и трогателни слики на повторното обединување на стотици семејства.
Укинувањето на ограничувањата е олеснување не само за разделените семејства, туку и за туристичкиот сектор. Илјадници патници за денеска резервираа летови меѓу Австралија и Нов Зеланд. Двете земји успешно го запреа ширењето на вирусот.
Премиерката на Нов Зеланд, Џacасинда Арден изјави дека здравствените власти веруваат дека ризикот од пренесување на вирусот од Австралија е мал и дека патувањето сега е безбедно.
Австралија претходно им дозволуваше на жителите на Нов Зеланд да дојдат во земјата без да останат во карантин, но Нов Зеланд имаше повнимателен пристап и бараше од австралиските патници да поминат две недели во карантин по пристигнувањето.
