Здравство
Полицискиот час во сила уште една недела
19.04.2021 13:05
Здравствените власти во неколку наврати истакнаа дека иако се стабилизира бројот на новозаразени со Ковид-19 и попушта притисокот врз болниците, ситуацијата и натаму е сериозна...

Комисијата за заштита од заразни болести препорачува уште една недела полициски час од 20 до 5 изутрина, а угостителските објекти и натаму да останат затворени. Сепак, конечниот збор го има Владата.
Здравствените власти во неколку наврати истакнаа дека иако се стабилизира бројот на новозаразени со Ковид-19 и попушта притисокот врз болниците, ситуацијата и натаму е сериозна.
Првичната одлуката за двонеделен полициски час завршува утре во 5 часот изутрина.
