Ковид-19
Филипче: Состојбата е стабилна, постепено се намалува бројот на хоспитализирани пациенти
19.04.2021 12:22
Првиот човек на здравство очекува ситуацијата во наредниот период да продолжува да се стабилизира и да се олесни работата на здравствените работници.
Министерот за здравство Филипче на редовен состанок со директорите на клиниките и ковид- центрите. Се анализирала состојбата со коронавирусот. Првиот човек на здравство очекува ситуацијата во наредниот период да продолжува да се стабилизира и да се олесни работата на здравствените работници.
„Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат, со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, смета Филипче.
