Квотата за увоз на пченица без царина ќе трае цела година
Наместо 6 месеци, безцаринската квота за увоз на пченица, ќе трае цела година. По жетвата ќе може да се купат и дополнителни 80 илијади тони, кога житото е најефтино...

Наместо на почетокот, квотата за увоз на пченица без царина ќе се користи цела година. Според Светската трговска организација се одобрени 80.000 тони жито за покривање на недостигот на домашниот пазар.
Мелничарите сметаат дека ќе можат да обезбедат суровина веднаш по жетвата кога таа е со најниска цена на странскиот пазар.
Новиот начин на заштита на пакуванотaњето на брашното со бандероли донесе и технички проблеми.
Во зависност од пакувањето бандеролите траеба да бидат со различна димензија.
Да не бидат поскапи од 0,20 денари и квартално да се набавуваат од подрачните единици на министерството за земјоделство.
Методија Трајков
