Се бара спас за секторите

Угостителите и туристичките работници утре излегуваат на протест

19.04.2021 14:25

Угостителите утре излегуваат на протест, незадоволни од владините мерки. Бараат парична помош којa ќе им покрие дел од загубите. Од Угостителската комора велат дека ќе протестираат сѐ до прифаќање на барањата за помош на секторот...

Околу 6.000 угостителски и туристички работници излегуваат на протест за да побараат спас за како што велат дејностите кои се пред колапс од пандемијата предизвикана со Ковид- 19. Од Министерството за финансии бараат еднократна финансиска помош и репрограмирање на грејс периодот на кредитите. Од Комората со став дека помошта е потребна сѐ додека постојат рестрикции.

Од Туристичко- угостителскта комора, велат дека најавата за шесттиот пакет мерки е добредојдена, но посочуваат дека целта е тој да се реалира. Децидни дека доцнењето на Петтиот пакет економски мерки се одразил негативно на бизнисите.

Туристичките агенции бараат и продолжување на рокот на туристичките ваучери. Ваучерите од владината мерка „Дома си е дома“ да ги користат ислкучиво агенциите за да бидат опфатени покрај хотелите, и агенциите, водичите и превозниците.

Од ТУК укажуваат на сериозна бројка на загуба на работните места и затворање на многу објекти.

Дијана Ценевска