Самосаботажа- што си забранувате себе си?
Некои луѓе си забрануваат поголем успех, на разни начини. Се плашат да си постават одредени цели, особено да постават рокови. Избегнувањето на чувството на вина е еден од најчестите самосаботерски обрасци во размислувањето и однесувањето на луѓето. За да ја намалите улогата на самосаботер треба да станете свесни дека избегнувањето на грижата на совеста само краткорочно ви носи олеснување, а долгорочно ве исполнува со незадоволство и со немир.

Многу работи во животот подсвесно ги посакуваме, а свесно си ги забарануваме како недостижни, неморални, лоши или кој знае се какви, во зависност од нашите уверувања, нивото на зрелост, свесност, образование и средината во која живееме. Луѓето себе си си ги забрануваат емоциите, како тага, лутина, бес. Сепак тие емоции постојат и често прават проблем, кој излегува на површина како нешто друго. На пример позади конфликтот на работното место може да се крие тага, која човекот треба да ја открие и разреши, за да не креира неконтролирани испади, кои пак му прават уште повеќе пречки и проблеми. Животот на луѓето кои си поставиле забрана да чувствуваат среќа изгледа обично, и секој не може да забележи нешто необично. Некои луѓе си забрануваат поголем успех, на разни начини, создавајќи се повеќе нејаснотии во својот живот. Се плашат да си постават одредени цели, особено да постават рокови. Кога имаат некаква идеја која ги инспирира, тие прават се за ги поддржат сите видови саботери за неуспехот, а тоа најчесто е одложувањето.
Кога ќе сакате да го намалите влијанието на тие видови саботери треба да сте подготвени:
- подобро да се запознаете себе си и љубопитно да го истражувате богатството на својот внатрешен свет.
-да сфатите дека се што ве саботира има некаква улога, некоја смисла, и дека веројатно нема да бидете подготвени преку ноќ да ги промените тие механизми, иако знаете дека тоа би ви користело.
-дека полека ја ширите својата зона на конфорот, се додека не ви станат прифатливи уверувањата и мислите кои ве саботираат. Корисно е во секоја ситуација кога нешто работите, да бидете свесни што ве придвижува. Од една страна човекот го придвижува љубовта, желбата да направи нешто добро за себе, за тие што ги сака, за колегите на работа, за компанијата, заедницата. Лесно е да се препознае таа вдаховеност во себе.
Сепак важно е да се знае дека многу луѓе ги придвижува желбата да го избегнат разорното чувство на вина. Затоа прават многу работи во кои не уживаат, ниту пак ги сакаат. Дури луѓето се убедуваат дека тоа го прават во име на љубовта, на пример кон родителите, но, само се обидуваат да ја избегнат грижата на совеста ако не направат така.
Тоа не е исто како да правите вежби во теретана или оценувате 30 тестови, кои, иако не ви се пријатни, знаете дека се за добро, па ги трпите. Овде се работи за нешто друго. Избегнувањето на чувството на вина е еден од најчестите самосаботерски обрасци во размислувањето и однесувањето на луѓето. За да ја намалите улогата на самосаботер треба да станете свесни дека избегнувањето на грижата на совеста само краткорочно ви носи олеснување, а долгорочно ве исполнува со незадоволство и со немир. Треба одлучно да поставувате јасни граници и да управувате со негативните мисли за себе, ако сакате навистина да го смените образецот на однесувањето. Треба да ги откриете и да научите да управувате со емоциите кои се наоѓаат под покривачот.
Соња Стојановска
