Здружението „Правда за штедачи“ побара оставка од Антикорупциска
Здружението „Правда за штедачи“, во кое се оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка, поднесе барање за неотповиклива оставка на претседателката и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата. Според нив, ги пречекориле надлежностите и овластувањата со недозволен и неовластен притисок врз уставен судија со изнесување на јавно предупредување. Антикорупциска денеска со одлука дека во конкретниот случај судијата може да присуствува и да одлучува, но да биде непристрасен...

Здружението „Правда за штедачи“ на протест пред Антикорупциска. Незадоволни од работата, побараа оставки од членовите на комисијата. Според нив, без никаква потреба, Комисијата се вмешала во постапката пред Уставниот суд за оценка на уставноста на член од Законот за банки. Со тоа била загрозена самостојноста и независноста на судската власт, смета адвокатот на здружението. Доставиле и документација со докази за постапувањето на Уставниот суд.
Претседателката на комисијата за спречување на корупција, Ивановска на штедачите им порача дека сочувствува со нив, но не сакала да се меша ниту во судските одлуки, ниту пак за судбината на Ееуростандард банка. Уверува дека имало отворен предмет кај нив и дека не вршела никаков притисок врз судии, а тоа, како што рече, го докажува со последната одлука. Ивановска со став- Уставниот суд може да решава по иницијативата.
Уставните судии минатата недела не донесоа одлука за поведување постапка за член 163, став 3 од Законот за банки, по иницијатива на оштетените штедачи од Еуростандард. Побараа мислење од Антикорупциска дали има судир на интереси кај уставните судии да гласаат за иницијативата. По одговорот од Антикорупциска, судот ќе одлучи за продолжението на седницата.
Во случајот Еуростандард банка која е во стечај, оштета бараат 2.000 правни и над 7.00 физички лица.
Наташа Гркова- Петрушевска
