Мерки за претпазливост за две лица, опфатени со истрагата за набавка на софтвер
19.04.2021 15:44
Во соопштението од судот се наведува дека на осомничените им се одземени пасошите, имаат обврска редовно да се јавуваат во судот, а имаат и забрана за напуштање на живеалиштето.

По распит во Кривичниот суд на двајца опфатени во истрагата за набавката на софвер, судија на претходна постапка на барање на Обвинителството им изрече мерки на претпазливост.
Во соопштението од судот се наведува дека на осомничените им се одземени пасошите, имаат обврска редовно да се јавуваат во судот, а имаат и забрана за напуштање на живеалиштето.
За овој случај со набавка на софтвер кој не го користи ниту една институција, осомничен е поранешниот генерален секретар на Владата , Драги Рашковски кому му е определен домашен притвор.
