Џафери: Работев согласно мерките за Ковид-19, кривичната пријава е беспредметна
Се беше според медицинските протоколи, најавата за кривична пријава е беспредметна, нема да дозволам Собранието да функционира под уцени и закани, објаснува спикерот Џафери по вчерашните седници на кои присуствуваа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19...

Се беше според медицинските протоколи, најавата за кривична пријава е беспредметна, нема да дозволам Собранието да функционира под уцени и закани, објаснува спикерот Џафери по вчерашните седници на кои присуствуваа и двајца пратеници позитивни на Ковид-19. Вели дека никој не ја спречувал опозицијата, ниту пак парламентот е на опозицијата или власта, туку е дом на граѓаните.
Претседателот на Собранието се повика на дополнување на Протоколот за спроведување на мерките со Ковид-19 од ноември минатата година. Рече дека се консултирал со многу лица пред да ја донесе оваа одлука за одржување на седниците и дека двајцата пратеници немале контакт со ниту едно лице во зградата на законодавниот дом.
