Канада: Онтарио ја проширува употребата на „Астра Зенека“
Досега вакцината се употребуваше за лицата над 55 години, а сега границата се спушта на над 40- објавуваат медиумите. Се очекува одлуката да биде донесена во текот на денов, а со употреба да се почне веќе од утре.

Најнаселената покраина во Канада, Онтарио, најверојатно ќе ја прошири употребата на вакцината на „Астра Зенека“ за да спречи оптоварување на болниците во третиот бран на заразата.
Досега вакцината се употребуваше за лицата над 55 години, а сега границата се спушта на над 40- објавуваат медиумите. Се очекува одлуката да биде донесена во текот на денов, а со употреба да се почне веќе од утре.
Иако канадското независно советодавно тело за имунизација кон крајот на март препорача вакцината да се користи за лицата над 55 години, регулаторното тело за лекови, пак, минатата недела соопшти дека нема да ја ограничи употребата на „Астра Зенека“ бидејќи придобивките од неа се поголеми од потенцијалните ризици.
