Русија

Навални пренесен во затворската болница

19.04.2021 15:57

Тестовите од крвта покажаа дека Навални, кој повеќе од две недели штрајкува со глад може да умре во секој момент и дека е подложен на ризик од срцева слабост.

Лекарот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и шефицата на Алијансата на лекарите Анастасија Василева, изјавија дека на медицинскиот тим не им било дозволено да влезат во затворот за да го прегледаат.

Тестовите од крвта покажаа дека Навални, кој повеќе од две недели штрајкува со глад може да умре во секој момент и дека е подложен на ризик од срцева слабост.

Но, од затворската управа, пак, тврдат дека здравствената состојба на рускиот опозиционер е „задоволителна“, и дека е преместен во затворската болница која е специјализирана за „динамично набљудување на такви пациенти“.

Здравјето на Навални на дневен ред на денешната средба на шефовите на дипломатиите на ЕУ. Изразија длабока загриженост, повикувајќи ја Русија веднаш да му дадат пристап до медицински персонал во кој тој има доверба.