Продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела
Полицискиот час да се скрати и да почне во 21, наместо во 20 часот, угостителите да примаат гости исклучиво на терасите и во градините, а спортските тренинзи наместо во затворена фитнес сала да се организираат на отворено...

Комисијата за заштита од заразни болести донесе препорака за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела. Оваа препорака ја разгледал и Кризниот штаб. Ќе биде проследена до Владата на усвојување. Тоа значи полицискиот час да продолжи во истиот интервал од 20 до 5 часот наутро. Угостителите да продаваат храна само преку пултови, а преку шалтери да работат и обложувалниците.
Актуелните мерки кои беа донесени на 7 април предвидоа целосно затворање на фитнес центрите, спортските сали како и забрана за оддржување на семинари, обуки и конференции. Останува да важи и забраната за групирање на повеќе од четири лица.
Ако овие мерки дадат резултати и бројот на заболени и хоспитализирани се намали, од Главниот кризен штаб највија можност за намалување на рестрикциите по 27 април. Полицискиот час да се скрати и да почне во 21, наместо во 20 часот, угостителите да примаат гости исклучиво на терасите и во градините, а спортските тренинзи наместо во затворена фитнес сала да се организираат на отворено.
Комисијата за заштита од заразни болести идната недела повторно ќе ја разгледува епидемиолошката состојба и ќе донесе нови препораки кои што ќе важат и за претстојните велигденски и првомајски празници.
Анита Димитријевска Велковска
