Почина универзитетскиот професор и воен историчар Александар Стојчев
Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја, а меѓу најпознатите се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Историја на воените мапи на Република Македонија“...

По кратко боледување и компликации како последица на Ковид-19, на 46-годишна возраст во Скопје почина универзитетскиот професор и воен историчар, Александар Стојчев.
Од 2006 година беше раководител на службата за воена историја во воениот музеј во министерството за одбрана.
Тој е автор на повеќе книги од областа на воената историја, а меѓу најпознатите се „Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година“, „Студија за формирање на музеј на Првата светска војна“, „Нобеловците и АРМ за мирот“, „Историја на воените мапи на Република Македонија“.
На пошироката јавност, професорот Стојчев и беше познат по документарните телевизиски емисии за историјата на Република Македонија.
