САД нема да се мешаат, името е билатерално прашање
Има две, или повеќе решенија за спорот коишто може да бидат прифатливи за Македонија и за Грција
Има две, или повеќе решенија за спорот коишто може да бидат прифатливи за Македонија и за Грција, изјави помошникот државен секретар за Европа и Евроазиски прашања, Викторија Нуланд во Вашингтон одговарајќи на прашањето од македонската телевизија зошто во првиот јавен настап не го спомна спорот со името и која ќе биде нејзината улога при разрешувањето.
Спорот со името не е приоритет на американскиот стејт департмент. Помошникот државен секретар за Европа и Евроазиски прашања, Викторија Нуланд, на првиот јавен настап по назначувањето на функцијата зборувајќи за споровите во регионот ги спомна, Кипар, Босна, Косово и Турско-Грчките односи, но не е спорот со името. На прашањето на Македонската телевизија зошто го изостави овој спор и каква ќе биде нејзината улога за негово разрешување, дали ќе биде нешто повеќе од само изјава дека сад поддржуваат заемно прифатливо решение, Нуланд одговори:
-Викторија Нуланд- помошник државен секретар за Европа и Евроазиски прашања
Верувам дека има две или повеќе формулации што можеби би функционирале за двете страни. Се работи за дијалог, лидерство и избор меѓу нив. Знаете што е користа на маса ако Македонија и Грција дојдат до договор. Очигледно ќе го поддржуваме процесот со Нимиц и ќе продолжиме да бидеме навивачи за решение. Но само вие можете да го направите тој избор што е прифатливо.
Нуланд најави ренесанса во односите на Америка со Европа. Изрази надеж дека економската криза и последната афера со шпионирање на европски политичари нема да наштети на односите со европските сојузници.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон
