Вакцини

Стигнаа 10.530 вакцини на „Фајзер“

19.04.2021 21:59

Станува збор за дози коишто министерството ги обезбеди преку директни преговори со производителот и кои веќе од среда ќе бидат распоредени во вакциналните пунктови низ државата, каде се одвива вакцинацијата согласно националната стратегија за Ковид имунизација...

10.530 дози од вакцината на производителот „Фајзер“ попладнево стигнаа во земјава, информираа од министерството за здравство. Станува збор за дози коишто министерството ги обезбеди преку директни преговори со производителот и кои веќе од среда ќе бидат распоредени во вакциналните пунктови низ државата, каде се одвива вакцинацијата согласно националната стратегија за Ковид имунизација.

Една недела подоцна, е предвидено да стигне уште една пратка со исто толку вакцини. На 28-ми, земјава ја очекува најголемата пратка досега 200 илјади кинески вакцини на „Синофарм“. Треба да пристигнат и преостанатите 75 илјади 400 вакцини преку Ковакс-механизмот. Досега пристигнаа над 60 илјади од четири различни производители, повеќето од нив се донации.

Анита Димитријевска Велковска