Ковид-19: Состојбата се стабилизира, се намалува бројот на приеми на пациенти
Вчера беа регистрирани 135 нови случаи на позитивни на коронавирусот од направени 841 тестирања, што е 16 отсто. Пред една недела бројот на новозаразени од тестирани беше околу 30 отсто.

Состојбата со Ковид-19 е стабилна и постепено се намалува бројот на приеми на пациенти, соопштија вчера здравствените власти.
Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира, смета министерот за здравство Филипче.
Вчера беа регистрирани 135 нови случаи на позитивни на коронавирусот од направени 841 тестирања, што е 16 отсто. Пред една недела бројот на новозаразени од тестирани беше околу 30 отсто.
Во текот на претходното деноноќие пријавени се 35 починати лица, меѓу кои двајца 46-годишници од Скопје. Во ковид-статистиката беа регистрирани и 900 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 692.096 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.229, на оздравени пациенти е 123.710, на починати е 4.478, а активни се 19.041 случај.
Вкупно 1.663 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 380 празни болнички кревети во ковид – центрите.
