Ковид-19

Австрија ќе испрати 651.000 вакцини од ЕУ за Западен Балкан, за земјава 119.000

20.04.2021 09:48

Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози, следна од Албанија 145.000 и Северна Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози.

Австрија соопшти дека планира до август да испрати 651.000 дози од вакцината на „Фајзер“ во шест земји од Западен Балкан, како дел од програмата на Европската унија.

Тие ќе бидат дистрибуирани од почетокот на мај според тоа на кои земји им се најпотребни. Босна и Херцеговина ќе добие најголем дел од вакцините – 240.000 дози, следна од Албанија 145.000 и Северна Македонија 119.000. Србија ќе добие 36.000 дози.

Европската комисија во јануари ги објави плановите за механизам за споделување вакцини. Австрија рече дека ќе дејствува како координатор на механизмот за Западен Балкан и дека по првата распределба на дозите може да следува и втора.

Со оваа иницијатива покажуваме дека не го оставаме регионот настрана, изјави австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.